Jiggy - Ovoj Svet (feat. Marz, Gqmbit & Funky)

54 Views
Published
Jiggy - Ovoj Svet (feat. Marz, Gqmbit & Funky)

Music: Jiggy, Funky, Marz, Gqmbit
Production: Funky & MyLaw
Lyrics: Jiggy, Funky, Marz, Gqmbit
Mix & Master: MyLaw

Lyrics:

Marz:
Срце лупа силно, добар знак дека сум жив и здрав, душа лежи мирна, помирен за што сум крив и прав, творам се што мислам, се дур останам без здив и глас, водам убав живот, овој свет е се што побарав, се што побарав, а внимавам со желби многу не претерувам, во играва сум добар али не би се преценувал, верник сум во фактот дека славата ми следува од работа, па ветувам, ќе вреди да ми веруваш, она што ми следи, не ми следи, ќе го земам сам, она што го добив никад не би го заменувал, и фала тато што ми даде пари за надвор, топла соба во станов, услови за да напредувам, и фала мајко што ми даде совет за љубов, обезбедуваш ручек, и секојдневно се трудиш, да ни нудиш се што треба, за да стигнеме до среќа, ама неќам да те гледам како војуваш со умор, животов е убав ама животов е суров, се што добив го дуплирам, без да барам услов, се што правам е со VR, Васил, Лука, Дуко, пазете го момчето, ви влегува во слухот и во умот...

Jiggy:
Овој свет, цветот цути, затвори ги очите, отвори души, усните што мрморат, до љубопитните уши, ќе ги обвијам со слаткиот мирис на пролетните булки, овој мој звук, е тој што ствара апетит, ко погледот од кој што осеќаш пеперуги во стомаци, мачки, кучиња и облаци, отворени ливади и се што подсеќа на добри проводи, повод за да уживам во светов не ми требало па за тоа сум должен да му вратам јас во целост, на сите тие што ми дадоа надеж, сите што ми покажаа љубов дури и кратко да трае, па како траект продолжи да пловиш длабоко во соновник на дете кое порасна и прерано, но сега танцува во љувовта на нотите и блеска како одсјајот на ѕвездите во ноќите.

Gqmbit:
Овој пат стварно не знам, како да почнам, секој ден е портал, ќе влезеш во него, и ќе искусиш нешто не си искуксил до тогаш, затоа пробувам да живеам во моментот, да уживам во секој дел од него, сите можности, пороци, посебни пробај и одреди, во местово, свето, светот, реткост, проубвам секој ден да е таков, денот е долг ама трае многу кратко, не ти е јасно просто, зошто, зашто, луѓе не сфаќаат колку им е убав животот и, ќе им помине цел без да осетат ништо од истиот, затоа ти не биди таков, никогаш нема да слушнеш аларм, цени ја секоја секунда бурна, тажна, чудна нема да се случи пак.

Funky:
Сум благодарен за, секое дете што пее со насмевка, а сите што не знаат набргу ќе разберат, ова не е тоа што ги тера да бегаат од школо да се тепаат, сум бил во негов живот, не си земал шанса па ти било криво, паднат толку ниско демек високо е нивно ниво, прашај го истиот каде беше ти во сето ова, забранување на слушање на рап по дома, после чудно е што седел само во соба, а не е херој секој што лета, моите се невидливи ама јас ги гледам, сметам дека до мене седат, тука се за мене секад, дури и кога ќе ги нема, дел се уште тука а дел не, не може живот да биде среден среде бел ден, мисливе се пиштол ако ти ги дадам тебе, но фала ти за ништо ако седи вперен накај мене...



Official Audio By Visionary Records

All Rights Reserved.
Category
Funky